Девет сообраќајки во Скопје изминатите 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди во кои е констатирана материјална штета.
Сообраќајната полиција вчера санкционирала пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 15 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 20 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 37 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 50 возила.
Во рамките на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
