-->
-->
Девет пријави за угостителски објекти од пазарните инспектори за непочитување на протоколите
-->
Девет пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на Ковид-19 поднел Државниот пазарен инспекторат за време на продолжениот викенд. Државниот инспекторат за труд донел четири решенија и три укажувања на работодавачите веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките.
Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот КОВИД-19, соопшти Владата.
Државниот пазарен инспекторат денеска до 16:00 часот поднел пет кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на Ковид-19 од кои три во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.
Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.
Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.
Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени четири решенија и три укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.
Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно, се додава во владиното соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
