Девет лица ранети од гранична патрола во Калифорнија при потера по шверцер на луѓе
Девет лица се ранети, од кои еден критично, во несреќа на автомобил возен од осомничен шверцер на луѓе, кој бил бркан од гранична патрола во близина на Лејк Морена, во американската сојузна држава Калифорнија, пренесоа американските медиуми.
Претставник на службата за гранично обезбедување во регионот на Сан Диего, изјави дека патролата се обидела да го запре автомобилот, но возачот место да запре ја зголемил брзината и неколку минути подоцна ја предизвикал незгодата во близина на природниот парк Лејк Морена.
Возачот е осомничен дека нелегално во земјата внел мексикански државјани, додаваат американските медиуми.
„Американските власти дејствуваат како терористи во сферата на имиграцијата“, оцени мексиканската католичка црква и ја прекори Владата на мексиканскиот претседател Енрике Пенја Нието дека покажува потчинетост, пренесоа француските медиуми.
„Господин Трамп не само што применува нехумани закони, туку и извршува вистински терористички дејствија“, пишува весникот на мексиканската католичка црква „Десде ла Фе“ во својот вчерашен редакциски коментар. „А мексиканските власти не дејствуваат туку само даваат изјави и дават изјави, а се слаби во своите реакции, пројавуваат страв и што е уште полошо - потчинетост“, се наведува во статијата насловена „Миграциски тероризам".
Во САД има околу 11 милиони нелегални имигранти, од кои повеќето се Мексиканци, кои Доналд Трамп во предизборната кампања ги нарече „силувачи и крадци“.
Тој вети дека ќе изгради ѕид долж границата со Мексико, што ќе го платат мексиканските власти, напоменаа француските медиуми.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип