Македонија
25. May 2021 - 12:06

Девет лица меѓу кои пет малолетници повредени во сообраќајка во Куманово

Синоќа околу 23,20 часот во Куманово на пат за с.Зубовце, патничко возило „уаз 469“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(36) од Куманово излетало од патот, информираат од МВР.

По незгодата, во Општата болница-Куманово, на Ј.Д. и  Е.В. (37) им биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници Д.В. (39), Д.Д.(33) и пет малолетници биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.