Деведесетиот роденден на кралицата Елизабета ќе се слави како „народна веселба“

Јубилејниот 90-ти роденден на британската кралица Елизабета ќе се одбележи како „народна веселба“ на улиците на Лондин и низ целата земја.
Главната „народна забава“ во чест на родендентот ќе се одржи на 12 јуни на централниот лондонски булевар Мол, што води од плоштадот Трафалгар кон Бакингамската Палата, службената резиденција на британскиот суверен.
На оваа улична веселба предвидено е да присуствуваат десет илјади луѓе, главно од организациите на кои кралицата им е патрон, но ќе се овозможи и присуство на повеќе од илјада други гости. Тие ќе бидат определени со лотариско извлекување откако идниот месец ќе биде отворено пријавување преку интернет.
Предвидено е овие гости да платат влезница за забавата од 150 фунти, а собраните пари да се искористат за хуманитарни цели, како финансиска подршка за организациите што патронизирани од кралицата.
Британската кралица секоја година одбележува два роденедени.
Првиот е на 21 април, кога таа е родена во 1926 година, како прво дете на принцот Алберт, вториот син на кралот Џорџ Петти и принцезата Елизабет. Овој роденден се обележува сосема приватно во кругот на кралското семејство.
Вториот роденден е службен и тој по традиција се одржува во јуни. Оваа година е определено тоа да се случи на 12 јуни.
Приватниот и службениот роденден за британсските суверени е определен од поодамна и ваквата пракса е воведена поради временските и климатски прични, за да се обезбеди роденеденските свечености за монархот да се одржуваат кога времето е убаво.
Јубилејниот 90-ти роденден на кралицата Елизабета ќе се прослави и со свечена црковна служба во катедралата Сент Пол во Лондон, посветана на „балгодарноста за посветеноста на кралицата“ кон Обединетото Кралство.
Во рамки не свеченстите ќе се одржи и традиционалната смотра- парада на кралските коњаници.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
