Деведесет и седма седница на македонското Собрание

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 97. седница со расправа за закони од повеќе области.
Пратениците треба да одлучуваат за предлог закони за ратификација на договорите меѓу Република Македонија и Црна Гора за правна помош во граѓански и кривични предмети и за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети.
На дневен ред на седницата се предлог законите за изменување и дополнување на законите за сигурност во железничкиот систем, за научно - истражувачката дејност, за иновациската дејност, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за спортот, за медијација, сите по скратена постапка.
Собранието ќе расправа и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за основање државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за управната инспекција, за електронско управување, за архивски материјал, за организација и работа на органите на државната управа, за инспекциски надзор, за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за лековите и медицинските средства, исто така по скратена постапка.
Пратениците треба да се изјаснат и за предлог законите по скратена постапка за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за минерални суровини, за енергетика, за трговија, за стандардизација, за индустриска сопственост, за Државен пазарен инспекторат, за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, за туристичката дејност, за контрола на предмети од скапоцени метали, за градежните производи,...
Дел од дневниот ред се и предложените измени на законите за заштита на топографијата на интегралните кола, за метрологијата, за техничката инспекција, за акредитација, за заштита на конкуренцијата, за безбедност на производите, за угостителската дејност, за шумарска и ловна инспекција, за ветеринарно-медицински препарати, за нус производи од животинско потекло, за земјоделство и рурален развој, за идентификација и регистрација на животните, за безбедност на храната за животни, за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство, по скратена постапка.
Ќе се расправа и за измени на законите за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за водите, за матичен број, за гранична контрола, за оружјето,за личното име, за азил и привремена заштита, за детективската дејност, за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, за приватно обезбедување, за државјанството на Република Македонија, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта, за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, како и Предлог на закон за зеленило, во прво читање.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
