Детското тело не издржа: Малечката невеста (15) што ја омажија на сила почина на породување

Дерја Б. на сила ја омажиле кога имала 14 години, а животот го заврши во агонија - нејзиното тело не го издржа породувањето и почина од излив на крв во мозокот.
Дерја почина вчера во приватна клиника во Батман на истокот од Турција откако пред недела дена се породи, пишува Хуриет.
Околностите под кои починало девојчето ги истражува полицијата.
-Опасно е кога ќе забременат девојчињата. Стапката на смртност е поголема кај бременоста во пубертетот, вели за Хуриет, професор д-р Ајдан Бири, гинеколог.
Тој додава дека е поголем ризикот од зголемен притисок, предвремено породување и компликации при породување. Бременоста кај девојчињата кај кои не е завршен физичкиот развој и целосниот развој на сите органи завршува со смрт, предупредува тој.
Хуманитарната организација „Девојчиња, не невести“ вели дека 15 милиони девојчиња секоја година присилно се мажат, практично по една на секои 2 секунди. ОН велат дека на секои две минути умира една на породување.
Светот минатата недела беше во шок од веста дека 12.годишно девојче од Кина, Лан Лан останала бремана откако нејзините родители ја продале за околу 4.000 евра. Полицијата го уапси нејзиниот маж (40 ) и мајката кои ја довеле во болница на преглед.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата

