Детски викенд во МОБ

Две изведби - на македонски и на албански јазик - на претставата „Клинг-Кланг - Илјада волшебни звуци“ ќе се одржат денеска во рамки на Детскиот викенд во Македонската опера и балет.
Претставата на македонски јазик е закажана за 11 часот, додека таа на албански, во 13 часот.
„Клинг-Кланг“ е музичка авантура за деца која како серијал за запознавање со музиката на најмладата популација, ја востанови гостинката од Австрија, Урсула Хорнер.Претставата е со активно учество на децата во неа. Ќе имаат можност директно да се запознаат со музичките инструменти, кои низ приказна ќе им ја доловат музиката како феномен. Ќе можат да пеат, ракоплескаат и да поставуваат прашања до сите учесници на сцената.
Утре напладне, пак, во МОБ ќе биде изведена претставата за деца „Доктор Офболи“ една од најгледаните детски балетски претстави и по тој повод добитничка на „Златна Буба Мара“ за 2013 година. Кореографијата за оваа претстава на сцената на МОБ ја пренесе прославениот балет мајстор од Русија, Михаил Крапивин.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
