Детски карневал во Кавадарци
Ученици маскирани во гроздови и винови лози, но и најразлични други маски во најразлични бои, беа дел од денешниот детски карневал кој се одржа во Кавадарци, во рамките на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2016”.
- На задоволство на сите посетители кои овие три дена се наоѓаат во градот на грозјето и виното, денеска можеа да се видат околу 700 учесници во детскиот карневал, од сите основни училишта во градот. Секоја од маските, со своја приказна, рече Зоран Станоев Дејзи, еден од организаторите.
Тој нагласи дека му претставува чест што и годинава, илјадници гости од земјава и странство го посетија Кавадарци за време на тридневното славење на гроздоберот. Тие ги посетија многубројните настани кои беа организирани за време на манифестацијата која трае со децении.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот