Детски карневал под маски „Пехчево се смее“
Во организација на општина Пехчево во соработка со детската градинка „7 Септември’’ и ООУ „Ванчо Китанов“ денеска во Пехчево се одржа традиционалниот детски карневал под маски „Пехчево се смее“. За забавата на принцезите, вештерките, штрумфовите, супермените и бетмените се погрижија познати кловнови, информира Живко Каликов, лице за односи со јавност од општина Пехчево.
– Дечињата се маскирани во нивните омилени маски и денеска уживаа во убавите моменти и изненадувањата кои ги очекуваа, за да го доживеат овој ден онака како што тие тоа го заслужуваат. Плоштадот беше претесен да ги собере сите заедно, дечињата, нивните баби, дедовци, мајки, татковци. Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци, денес беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание, рече Каликов.
На плоштадот во Пехчево се пееше, се свиреше, а најмногу од сѐ се слушаше детската смеа. Најмладите од Пехчево покажаа дека детската фантазија не познава граници. Заедно со дечињата и присутните на плоштадот во Пехчево беше и градоначалникот Драган Тренчовски кој рече дека овој настан се организира со цел да ја поттикне фантазијата на децата.
– Сакам да ги поздравам најмладите и најмалите коишто се собрани овде со нас да нѐ насмеат и развеселат. Мотивот на маската е поттик ученикот да размислува на убавите работи кои го опкружуваат. Гледам многу маскирани дечиња и така и треба, зашто на 1 април, треба да проработи креативноста и сите ние да се препуштиме на музиката, забавата и смеата, истакна Тренчовски.
Детски карневал денеска се одржува и во Берово, а во Делчево традиционалното дефиле под маски на најмладите ќе се одржи утре.
Ново на Сител
-
Стартуваше интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево
-
„Топката е кај вас, ЕУ е подготвена“, вели Фон дер Лајен по средбите со Мицкоски, Сиљановска-Давкова и Гаши
-
Тема на денот со кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски(ЗНАМ)
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање