Детски хор со песната „Бог е вечен“ во посета на општините Струмица и Ново Село
Детски хор под патронат на Отец Јаков од монашкото братство на манастриот „Свети Антониј Велики“ од Ново Село денеска со православната коледарска песна „Бог е вечен“ ги посети општините Струмица и Ново село во знак на возобновување на правилните канонски форми за прослава на коледарската традиција.
Според Отец Јаков согласно нашата традиција, многу деца во пресрет на празникот на Раѓањето на Исус Христос ќе ги посетат нашите домовите пеејќи коледарски песни.
- За жал тие се со многу деструктивна содржина во која се пее за смрт и уништување, без воопшто да се спомне раѓањето Христово ниту се објавува таа радост која е заедничка за цело човештво. Оттаму оваа наша иницијатива за востановување на вистинското православно предание, вели Отец Јаков.
Посочи дека само оние деца кои ќе чекорат во духот на православното предание, ќе го носат мирот и благословот Божји и ќе станат вистински благовестители за радосната вест.
- Денеска ги посетивме општините Струмица и Ново Село. Заради тоа што општината е место, институција која на некој начин го претставува и градот и луѓето што живеат во него. Мислиме дека тоа е местото каде може да покажеме како треба да се постапува, рече отец Јаков.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина