Детската клиника доби донација бебитерм

Современ апарат бебитерм кој овозможува рамномерно распределување на температурата на бебињата кои се предвремено родени и со компликации, доби денеска Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести.
Клиниката првпат добива ваков апарат што е од исклучително значење за нормален развој на бебињата, и е наменет за создавање средина со оптимална топлина, потребна за предвремено родените бебиња и со тоа ги заштитува од несакани ситуации предизвикани од несоодветна температура при трансферот од инкубатор во нормална средина.
Станува збор за трета по ред донација, резултат на националната кампања која веќе втора година активно ја спроведува компанијата ОКТА. Марија Ставрева, менаџер за комуникации и општествена одговорност во компанијата изјави дека кампањата предизвикала голем интерес во јавноста и обединила голем број граѓани, институции и организации со една иста цел.
Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата и истакна дека апаратурата која почнале во неколку фази да ја добиваат на Одделот за интензивна нега денеска кулминирала со бебитерм, кој е еден од најмодерните специјализирани креветчиња за новороденчиња.
- Кога ние ќе ги извадиме критичните новородени и понатаму не можеме веднаш да ги оставиме да бидат во таа нормална средина овој кревет овозможува тие да ја чувствуваат средината како да е мајчината утроба, ќе ја чувствуваат средината како нивна и препознатлива, овозможува доволно топлина, ги мери сите витални параметри и укажува дали нешто повторно нешто се случува со новороденчето, додаде Софијанова.
Најави голема реконструкција на Одделот за интензивна нега и негово опремување.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Средношколците и ги претставија проблемите со кои се соочуваат на претседателката на државата
-

Законот за високо образование во понеделник ќе биде објавен на ЕНЕР на увид на јавноста
-

М-НАВ поднесе кривична пријава против синдикалецот Тасевски
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Неопходни се нови мерки за справување со кризата, велат експертите
