Детска клиника: Надоместоците за дежурства се целосно регулирани, платите на вработените се регулирани

Клиниката за детски болести соопшти дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што тие се утврдени во член 216 – Дежурство, член 217 – Посебен случај на дежурство, член 218 – Готовност, член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност и член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност.
Во овие членови, посочуваат од Клиниката, е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците за дежурствата, кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други средства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.
Пресметката за надоместоците на директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста. Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја предвид нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите. На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, се наведува во соопштението од Клиниката.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
