Детектор: Секој четврти граѓанин бил во ситуација да даде мито
Секој четврти граѓанин во Македонија се нашол во ситуација да му биде побарано или да мора да понуди поткуп за да може да добие некаква услуга. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, во ситуација да мора да понудат или да дадат мито се нашле 28,8% од анкетираните додека 66,4% немале ваков проблем.
Најчесто во ваква ситуација се наоѓале вработените во приватниот сектор и сопствениците на бизнис додека најмалку со ваков проблем се соочувале вработените во јавниот сектор.
Во споредба со анкетата која пред 4 години за Детектор исто таа ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје , бројот на граѓани кои морале да понудат или да дадат мито се зголемил од 18,5% на 28,8%.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции