Детектор: Повеќе од половина од граѓаните не ги поддржуваат санкциите кон Русија
52,2 отсто од граѓаните не ги поддржуваат санкциите кон Русија кои ги воведоа европските земји поради војната во Украина, покажува анкетата на емисијата „Детектор“ на Сител спроведена во соработка со Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС).
Според анкетата, поддршка за санкциите дале 32,2 проценти од граѓаните.

На прашањето „Дали санкциите кон Русија ѝ прават повеќе штета на Русија или на Европа, вклучително и Македонија“, речиси половина, односно 45,6 отсто од граѓаните одговориле дека најмногу штета од нив има Европа. 36,8 проценти сметаат дека санкциите се штетни и за Европа и за Русија, а само 9,6 отсто дека санкциите е поштетни за Русија.

Во однос на помошта која Македонија ѝ ја испраќа на Украина одговорот е јасен. Мнозинството граѓани во земјава не поддржуваат воена помош. 62,2 отсто од граѓаните одговориле „Не“ на прашањето: „Дали се согласувате или не се согласувате со помошта во оружје и опрема која Македонија ѝ ја испраќа на Украина?“. Само 24,9 дале поддршка.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
