Детектор: Политичките партии се главен поттикнувач на поделби и говор на омраза
Дури 80% од граѓаните сметаат дека политички партии поттикнуваат говор на омраза, а над 81% дека партиите предизвикуваат поделби во општеството, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Анализата на етничката структура на граѓаните кои давале одговори покажува дека и Македонците и етничките Албанци во мнозинство веруваат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби со таа разлика што Македонците во значително поголемо мнозинство го изразуваат овој став. Ако за овие прашања меѓу 80 и 90% Македонци сметаат дека партиите поттикнуваат говор на омраза и креираат поделби, таков став делат меѓу 40% и 50% етнички Албанци.
Очекувано, близу 80% се на ставот дека говорот на омраза се засилува во време на предизборна кампања. И тука етничката структура на испитаниците дава слични резултати, односно и Македонците и Албанците забележуваат засилен говор на омраза во предизборните кампањи со таа разлика што ваков став делат близу 90% Македонци и само 44,7% етнички Албанци, иако бројот на противници и во двете етнички заедници останува прилично низок.
Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45