Детектор: Партијата е најважна за да се вработиш во државно
Дури 83% од граѓаните сметаат дека огласите за вработување кои се објавуваат пред избори се класична предизборна манипулација, наспроти 11,4% кои се на ставот дека станува збор за реална потреба на институциите покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Споредбата со претходните анкети на Детектор покажува дека во последните 5 години бројот на граѓани кои во вработувањата пред избори гледаат манипулација се зголемил од 62% на 83%.
Нешто под 53% од анкетираните сметаат дека при вработување во јавниот сектор, најважна е партиската припадност. 22% се на ставот дека клучни се роднинските и пријателските врски а 20,4% мислат дека најважна е стручната подготвеност, односно професионалниот капацитет и квалификациите.
Во споредба со ланската анкета значително се зголемил бројот на граѓани кои сметаат дека партијата е клучна за вработување во државно.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице