Детектор: Македонците бараат сексуално образование во училиштата – Албанците се против
Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако мнозинството даваат поддршка за оваа идеја, покажуваат резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба.
Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%.
Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот