Детектор: Граѓаните не се многу загрижени за безбедноста своите лични податоци
И покрај хаваријата која ја имавме со северите на Фондот за здравство и серијата хакерски напади со кои се соочуваат државните институции, мнозинството граѓани не стратуваат за своите лични податоци со кои располагаат надлежните институции.
Последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека 44,6% од анкетираните велат дека сметаат дека нивните лични податоци кои ги имаат институциите се безбедни и заштитени додека 32,1% сметаат дека не се.
Во поглед на ефикасноста на институциите кои ги нудат административните услуги, граѓаните во мнозинство не гледаат некоја разлика во последните 5 години. 35% сметаат дека денеска не е ниту полесно ниту потешко да се извади документ во споредба со условите од пред 5 години. 30,3% сметаат дека денеска документите и административните услуги се добиваат полесно, а 25,7% сметаат дека се добиваат потешко.
Според граѓаните, реформата во јавната администрација не треба да се прави преку нови вработувања, туку преку намалување на бројот на вработени и дигитализација. Ваков став дела 53,3% од анкетираните додека 23,7% се на ставот дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон нови вработувања и обуки.
Споредбата со истото прашање кое го имавме во Детектор пред 4 години покажува дека граѓаните денеска во поголемо мнозинство инсистираат на намалување на бројот на вработените и дигитализација.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол