Детектор: Граѓаните не сакаат кладилници и казина во населени места

Граѓаните се против отворање на казина и спортски обложувалници во населени места, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. 
Според него, 77,7% од граѓаните се согласуваат да се ограничи бројот на казина и спортски обложувалници во населени места додека 14,8% се против.
Дури 79% од анкетираните сметаат дека треба да се забрани отворање на казина во населени места додека само 14% се против оваа идеја. 
Само малку помал е бројот на граѓани кои сметаат дека треба да се забрани отворање на спортски обложувалници во населени места. 69,5% се за забрана за кладилници во населени места додека 22,2% се против. 
48,2% сметаат дека државата треба целосно да ги забрани казината и спортски обложувалници додека 39,2% не се согласуваат со тоа.
Големо мнозинство или 75% сметаат дека казината и спортски обложувалници треба да плаќаат повеќе данок, додека 12,3% не се согласуваат со тоа.  
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-   
          

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
 -   
          

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
 -   
          

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
 -   
          

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
 -   
          

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
 -   
          

Преглед на вестите од светот
 -   
          

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
 -   
          

Серија проекти и мерки по изборите
 
