Детектор: Граѓаните и натаму со висока поддршка за мерките против коронавирусот
Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека воведените мерки за справување со коронавирусот се соодветни, 57 отсто, покажува анкетата која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
21,2 проценти сметаат дека бројот мерките се престроги, а 13,2 отсто дека се недоволни.
Во однос на минатиот месец, пак, намален е бројот на граѓани кои сметаат дека мерките се соодветни, зашто тогаш така се изјасниле 60,7 отсто. Од друга страна, тогаш само 12,6 проценти сметале дека тие се престроги, а 20 отсто дека се недоволни.
Сепак, повеќе од две третини од граѓаните рекле дека мерките го спречуваат ширењето на коронавирусот, 77,2 отсто, наспроти 17,9 проценти кои сметаат дека не го спречува.
Речиси една третина велат дека се задоволни од работата на надлежните за справување со кризата. 71,2 отсто рекле дека се задоволни, а 22,2 проценти не се задоволни.
Во споредбата со земјите од регионот, речиси половина, 49 отсто сметаат дека Македонија се справила исто како и другите земји. 23,6 проценти сметаат дека Македонија подобро се справува со кризата, а 17,1 отсто дека полошо се справува.
Доколку овие податоци се споредат со минатиот месец намален е бројот на граѓани кои сметаат дека Македонија подобро се справува со кризата, бидејќи тогаш 28,4 отсто од граѓаните се изјасниле така. Во март 43 проценти рекле дека Македонија исто се справува со кризата, а полошо кажале 11,2 проценти.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минус 3%.
Ново на Сител
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови