Детектор: Членството во НАТО нема да ни ја забрза европската интеграција
Над половина од граѓаните се убедени дека членството во НАТО нема да го забрза процесот на евроинтеграции, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Ваков став делат 52,7% од анкетираните додека 23,9% сметаат дека по влезот во НАТО побрзо ќе се интегрираме и во ЕУ.
Споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ни помогне во интеграциите во ЕУ. Ако во 2019 43,3% сметале дека со членството во НАТО побрзо ќе се интегрираме во ЕУ, сега таков став делат само 23,9% за разлика од бројот на оние кои се убедени во спротивното кој од 32,8% во 2019 година за 4 години се зголемил за 52,7%.
Македонците во големо мнозинство од речи си две третини или точно 62,2% сметаат дека НАТО нема да го забрза интегративниот процес за разлика од 54,8% етнички Албанци кои очекуваат по членството во НАТО интеграциите во ЕУ да одат побрзо.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка