Детектор: Близу 60% од граѓаните сметаат дека треба да се намали бројот на вработени во јавната администрација
Близу 60% од граѓаните сметаат дека треба да почне процес на отпуштања во јавниот сектор, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
58,9% се на ставот дека јавната администрација треба да се намали, 17,2% сметаат дека нивната бројка не треба да се менува, а 9,4% мислат дека треба да вработиме дополнителен број административци.
Етничката структура на граѓаните кои одговарале и тука покажува дијаметрално спротивни ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 68,3% од Македонците сметаат дека треба да се намали бројот на вработени во јавната администрација, ваков став делат само 33,2% етнички Албанци што е помалку од половина од процентот на Македонците.
33,1% од етничките Албанци сметаат дека бројот на административци треба да остане ист што е речи си три пати повеќе 12,1% Македонци кои го делат овој став.
Во споредба со анкетата од пред 4 години, бројот на граѓани кои сметаат дека јавната администрација треба да се намали скокнал од 51,7% на 58,9%.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта