Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот. Третина од граѓаните велат дека донекаде успеваат да ги покријат своите трошоци, а негативен одговор даваат вкупно 51,2 проценти од испитаниците. Ова го покажуваат резултатите од анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Како што се наведува во соопштението од Детектор, најголем дел од парите граѓаните ги трошат на храна. Половина од платата им оди само за задоволување на глад, велат 35.8 проценти од испитаниците, 30,2 отсто велат дека трошат три четвртини а 15,6 проценти велат дека се што ќе заработат трошат за прехранбени намирници. За 3 проценти пораснал процентот на граѓани кои ја трошат целата плата на храна споредено со истото истражување направено во 2023 година.
82,7 проценти од испитаниците, или повеќе од 8 од 10 граѓани велат дека трошоците за живот се зголемени. За задоволување на потребите на едно четиричлено семејство 67,5 проценти од испитаниците одговориле дека се потребни месечни примања повисоки од 1000 евра.
Граѓаните не се оптимисти ниту за периодот кој следи. 59,2 проценти сметаат дека инфлацијата и во следната година ќе продолжи да расте. Намалување на цените очекуваат околу 10 проценти од испитаниците.
79,4 проценти од граѓаните велат дека мерките за замрзнување на цените не даваат ефект. Според нив, на растот на цените не влијае реалниот трошок за производство туку желбата за поголем профит на трговците и маркетите. Ваков одговор дале дури 72.3 проценти од испитаниците.
69,2 проценти од испитаниците велат дека растот на економијата и продуктивноста треба да бидат фактор за зголемувањето на минималната плата. Дека таа треба да се диктира само од политички одлуки велат 17 проценти од испитаниците.
Истражувањето на ИПИС за Детектор е спроведено од 24 до 26 јануари оваа година, телефонски, на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за жител на Петровец кој ги нападнал своите родители
-
За 2,6 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари на годишно ниво
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Собрание на РСМ
-
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор
-
О2 Иницијатива: Да се отвори истрага за излевањето од рудникот Тораница во Крива река и да се испита делувањето на инспекторите
-
Сообраќајна несреќа помеѓу три возила на бул.„Илинден“, нема повредени
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи