-->
-->
Дете велосипедист повредено во сообраќајка кај „Мајчин дом“
-->

Сообраќајна несреќа во која повредено е дете се случила на улицата „Васко Карангелески“ кај „Мајчин дом“, потврдуваат од МВР за Курир.
Од полицијата велат дека според првичните информации со кои располагаат автомобил со скопски таблички удрил во дете велосипедист.
Детето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но засега нема информации за карактерот на повредите и неговата здравствена состојба.
Од МВР додаваат дека повеќе информации ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
