По речиси пет години нов круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција

По пауза од речиси пет години, денеска во Истанбул продолжуваат прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција, со одржување на 61-от круг, јави дописничката на МИА од Атина.
Ставот на грчката страна е дека прашањата што се однесуваат на одредување на ексклузивната економска зона и континенталниот гребен во Егејското море и Источниот Медитеран, се единствените теми за кои разговара Грција, а во никој случај не се разговара за демилитаризација на островите
Станува збор за неформални контакти, а не за преговори, нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на разговорите, а целта е доколку има поклопување на ставовите во иднина евентуално би се одржале преговори.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за викенд изданието на весникот „Ефимерида тон синдактон“ рече дека доколку нема договор во преговорите кои би можеле да следат по прелиминарните контакти, двете страни ќе треба да се согласат за заеднички текст што во продолжение би се доставил до Меѓународниот суд во Хаг.
Истакна дека Грција во контактите доаѓа со добра волја и конструктивен дух и главно и изрази надеж дека ист е ставот и на турската страна.
Последниот круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција беше одржан во март 2016 година.
Ново на Сител
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
-

Делови од дронови оштетија индустриска зона во рускиот град Невиномиск, експлозии во Киев
-

Петмина загинати, десет лица се водат како исчезнати по ураганот и тропската бура во Мексико
-

Бугарија побара помош од ЕУ и НАТО за истрагата за нападите со дронови врз два брода во Црното Море
-

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
