Дете (4) немаше шанса во сибирската ноќ: Малечкиот Богдан месечарел на -20, мајката го нашла дури утрото

Четиригодишно дете почина во Сибир откако како месечар излегол од куќата среде ноќ.
Температурата во тој период била дури -20 степени па детето во текот на ноќта замрзнало и умрело. Неговата мајка го пронашла телото подоцна, кога следејќи ги неговите траги во снегот дошла до него. На себе имало само пижами.

Малиот Богдан кој кобната ноќ тргнал кон куќата на соседите, месечарел и претходно, но тоа се случувало летно време, кога температурите во регионот на Краснојарск се повисоки.
Неговата мајка Марија се разбудила во 6 наутро и открила дека синот не и е дома. Тогаш видел дека детето ја оставило отклучена вратата и излегол на студот. Носел само пижама, а на нозете немал ништо, ниту пак ни капа на главата. Руските власти покренаа истрага за неговата смрт.
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
