Дете (14) преживеа пекол: Петмина го тепале, му ја пукнале слезината, црниот дроб и черепот
Плачев и ги молев да престанат додека не изгубив свест. Сега ноќе ги сонувам како доаѓаат во мојата соба да ме убијат, раскажува 14-годишниот Борислав Милиќ.
Биле петмина и го удирале по глава со стаклено шише, а по стомак со боксирач.
-Плачев и молев да престанам да ме тепаа, додека не изгубив свест. Сега ноќе сонувам како доаѓаат во мојата соба за да ме убијат.
Борислав (14) од Белград ги раскажува своите трауми. Нему му е извадена слезената, сошиен црниот дроб, а се здобил и со тешки пвореди на главата, откако петмина момчиња брутално го претепале во паркот во Врачар ноќта меѓу 4 и 5 март.
Според зборовите на неговата мајка Горда Шотра (39) се се случило затоа што нејзиниот син се нашол во погрешно време на погрешно место.
-Борислав во петокот вечер всо другарите беше во паркот, додека во зградата имало некаква забава. Некои деца што биле во паркот сакале да тепаат две момчиња што биле на журката, а потоа тие две деца ги повикале на помош локалните навивачи и еден сопственик на кафуле, вели Горда.
-Сите осве Борислав се разбегале, а тие момчиња кои имале по 18 и 19 години почнале крвнички да го тепаат мојот син, ни крив ни должен. Можеле да го убијат! Го одвлекле во грмушките и го оставиле така онесвестен и во локва крв. Го пронашол другарот и повикал итна помош и полицијата. Лекарите во Ургентниот центар ми рекоа дека Борислав е животно зарозен, се здобил со тешки повреди, фрактура на черепот. извадена слезена и сошиен црн дроб.
Ново на Сител
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево