Детали за убиството во Струмица: Тројца со ножеви го боделе 22-годишното момче
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – двајца мажи и една жена, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени.
-Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега почнатиот. Тој паднал на земја и починал на лице место. Кога членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат на оштетениот, осомничените и нив ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди – убодни рани со нож, информираат од Обвинителството.
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени синоќа им определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница