Детали за страшниот пожар: Свеќи за торта предизвикале пожар во кој загинаа 13 лица
Пожар на роденденска прослава во Франција, во кој загинаа најмалку 13 луѓе, ја предизвикале свеќи за торта.
Во оваа несреќа која се случила во кафе бар во градот Руан, на северот од Франција, повредени се уште шест лица.
Пламенот го предизвикале свеќите од роденденската торта кои го запалиле полистиренскиот плафон на подрумот бо кој била организирана прославата, пренесува АФП.
Жртвите настрадале од загушување со токсични гасови настанати од пластичните материјали во пламенот, соопштила полицијата.
Полициските извори потврдија дека не се случила експлозија, како и дека причина за пожарот е роденденските свеќи.Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев во соопштение наведува дека во пожарот починале 13 лица, шест се се повредени, од кои еден е во критична состојба и додава дека во гаснењето на пожарот учествувале 50 пожарникари.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик