-->
-->
Детали за страшната трагедија: Идентификувани жртвите, вечерва загинаа четири лица кај Ресен
-->

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.
- Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица, две лица се жители на општина Битола, а две лица се жители на општина Могила. Заради тешката сообраќајна несреќа и отежнатите временски услови патот е во прекин, а на местото се врши истрага за причините на несреќата, изјави за МИА Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Таа најави повеќе детали за несреќата за во текот на утрешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
-

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари
-

Приведен 28-годишен струмичанец кој бил баран по потерница за извршена тешка кражба
-

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“
-

Кари повтори рекорд на Џордан
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани
-

Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства
