Средба на Петровска со претседателката на Комората за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари работна средба со претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска.
Како што соопшти Министерството за одбрана, заеднички било констатирано дека приватното обезбедување е значаен сегмент од безбедносниот систем на државата.
– Договорено е во работната група за изработка на Законот за критичка инфраструктура да се вклучи претставник од Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување во функција на вклучување на сите актери од безбедносниот систем, со цел новиот законски проект биде сеопфатен и функционален, се наведува во соопштението.
Се разговарало да се согледаат меѓународните искуства за поинтензивна соработка меѓу секторите одбрана и приватно обезбедување за да дојде до искористување на сите можности и ресурси согласно НАТО и ЕУ стандардите.
До крајот на годината ќе се потпише Меморандум за соработка на Воената академија и Комората за да се отворат нови хоризонти во едукацијата, обуката и човечките ресурси.
– На крајот претседателката на Комората Милеска Стефановска искажа голема благодарност до министерката за одбрана Петровска за искажаната подготвеност за заедничка соработка за да се создадат механизми за навремена превенција и справување со безбедносните ризици и идни општествени предизвици во државата, посочуваат од Министерството.
Ново на Сител
-

Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година
-

Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец
-

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
-

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари
-

Приведен 28-годишен струмичанец кој бил баран по потерница за извршена тешка кражба
-

Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“
-

Кари повтори рекорд на Џордан
-

Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
