Детали за состојбата на повреденото бебе - доколку во наредните 48 часа има подобрување ќе биде префрлено на Детска хирургија

Здравствената состојба на 14 - месечното новороденче, кое на 7 јули е примено со сериозни повреди на главата е релативно стабилизирана, не е на апарати за дишење и сакаме да почнеме и со негово хранење, изјави денеска доктор Маја Мојсова, раководител на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.
Посочи дека откако било примено бебето направена му е компјутерска томографија, инвестигација со смисла на рендгенски снимки на коски и констатирани се повреди на мозокот, фрактури на черепот и на потколениците.
- Некои од повредите се од старо потекло. Донесено е во коматозна состојба. Направени се сите инвестигации и проследена е терапијата. Доколку во наредните 48 часа има подобрување ќе биде префрлено на Детска хирургија. Веројатно се работи за повреди од човечка природа и било повредувано неколку пати, додаде доктор Мојсова.
Додаде дека мајката не е со бебето, синоќа го презеле социјалните служби и му е одреден старател со кој комуницираат.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски изјави дека во соработка со другите институции работат на целосно расчистување на случајот и откако ќе биде расчистен ќе ги информираат соодветно обвинителството и јавноста.
Ново на Сител
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
-

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор
-

Ѓорѓиевски: Нашето убаво Скопје - чисто и достоинствено
-

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид
-

Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
-

Трката за наследник на Трамп во 2028 година се вжештува, а еден републиканец има огромна предност
-

Панел-дискусија во Тетово во рамки на кампањата на МОН „Магијата е во знаењето“
-

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД
