-->
-->
Детали за сообраќајката во кумановско Бедиње, едно лице со тешки повреди пренесено на клиника
-->
Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во кумановско Бедиње, откако возилото со кое управувал изгубило контрола и удрило во три паркирани возила, потврди СВР Куманово. Сообраќајната несреќа се случила помеѓу едно патничко возило и три паркирани возила денеска околу 17 часот на
улицата „11 Ноември“ во Куманово.
– Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зафира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди, соопштија од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости