Детали за смртта на наставничката Славица - „Децата врескаа, целото школо плачеше"
Многумина се сеуште во шок по настанот кој пред неколку дена се случи во Основното Училиште “Miroslav Antić” во белградската населба Бела Вода, кога за жал среде час почина наставничка. 45-годишната Славица Петровиќ изненадно се сруши на под и доживеа срцев удар, што секако и дечињата и вработените ги остави во шок.
- Се се случи одеднаш. Наставничката почна да се гуши и се сруши на подот. Децата излегле низ вратата од училницата исплашени за да побараат помош. Викале наставничката се онесвести на цел глас. Вриштеле и плачеле, шокот за нив бил голем. Иако помош пристигнала за жал не можело да се направи ништо, вели извор.
Наставничката по географија во Основното Училиште доживеала срцев удар во 9 часот утрината. Една колешка веднаш притрчала кога ги видела децата како паничат за да помогне, лекарот од Итна помош додека бил на пат и давал инструкции што да прави, но залудно.
По трагичниот настан целото школо плачело и било завиено во црно.
Сите велат дека Славица била одлична наставничка која била омилена меѓу децата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарскиот кредит за компаниите ќе придонесе за задвижување на економијата
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно