Детали за несреќата: Прегазеното девојче веднаш пренесено на Ургентен
Прегазено е девојче на пешачки премин во центарот на Скопје. Според првичните инфромации таа има фрактруа на ногата и со возило на Итната помош е префрлена во Ургентниот центар.
Незгодата се случила околу 12.45 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот прем веднаш до Клубот на пратеници, пишува Вечер.
Според изјавите на сведоците, девојчето кое најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште, било со неколку другари и во моментот кога ја минувал улицата на нив налетал “форд фокус“ со скопски таблички. Тој не возел многу брзо, но сепак не закочил и удрил во неа.
Таа паднала крај улицата а на помош и притекнале случајни минувачи и работници од градилиштето кое се наоѓа во непосредна близина.
Набрзо на местото пристигнаи возило на Итната помош а лекарскиот тим ја стабилизираше состојбата на повредената. Од она што можеше да се види е дека таа има фрактура на ногата нодополнителните ипитувања во Ургентниот центар треба да утврдат дали тоа е единствената повреда, пренесува Вечер.
Полициски екипи го регулираа сообраќајот на крстосницата, а повеќе детали околу незгодата се најавени за попладнево.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите