Детали за несреќата на кружната трка во Скопје – каква е состојбата на Димушевски?
Враќањето на кружните автотрки во Скопје за жал го одбележа сериозен инцидент и тоа во последната трка откако српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката, легендата на овој спорт во Македонија, Александар Димушевски, кој се наоѓаше крај самата патека.
Димушевски се здоби со сериозни повреди… Веднаш реагираа медицинските лица, повредениот со возило на Брза помош беше одведен во болница, а трката е прекината.
Традиционално со возењето на „југовци" кружната трка „Скопје 2017" почна со натпреварот на популарните „југовци“ во Дивизија 1. Во конкуренција на 12 возачи, на првите три места се пласираа Филип Василевски, Филип Џуклески и Никола Поповски.
Според последните информации повредениот Димушевски се чувствува добро.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила