-->
-->
Детали за несреќата на косовскиот автобус кој се преврте кај Славонски Брод, десет лица загинаа
-->
Десет лица загинаа, а има повеќе повредени откако автобус со косовски регистарски таблички утринава излета од автопатот кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција, а од македонското МНР потврдија за МИА.
Полицијата околу 6:20 часот добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи, пренесе новинската агенцијата ХИНА. Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.
Прво од одрдени медиуми во Хрватска имаше информација дека автобусот бил со македонски регистарски таблички. „Јутарњи“, кој прв објави дека е македонски автобусот, потоа смени во „автобус со странски национални ознаки“. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи