Детали за хоророт кој сите ги потресе: Злата си го удавила бебето со ќеса
Злата Станимировиќ, 18-годишната затвореничка од Ниш се породила во затворот во Пожаревац и потоа го усмртила бебето. За жената која издржува затворска казна никој не знаел дека е бремена.
Како што дознава српскиот Курир, полицијата го расветли грозоморниот настан за кој се дозна пред неколку денови. Жената од Ниш издржува казна од три години затвор за продажба на дрога. Таа била бремена, а никој не знаел за тоа. Чуварите сфатиле што се случува откако неа ја пронашле крвава, а под креветот нашле црна ќеса во која имало мртво бебе.
Таа се обидела да се самоубие така што неколку пати со жилет се расекла по вратот и рацете. Откако ја спасиле, чуварите ја пребарале собата и таму го затекнале бебето. Жената го удавила со ќесата, па потоа го завиткала и ставила под креветот во ќелијата, за да не ја откријат.
Се расветллува случајот, ќе бидат испитани и вработените во затворот кои не забележале дека затвореничката е бремена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток