Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
Мотоциклист смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица.
Според полициското соопштение, незгодата се случила вечерта во 19:40, при што дошло до судар на автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари.
Притоа од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
На лице место извершен е увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи, што ќе треба да ги утврдат околностите поради кои дошло до незгодата.
Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Ново на Сител
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“