-->
-->
ДЕТАЛИ: Како починал екс-шефот на македонското воено разузнавање?
-->
Нема траги на насилство ниту прострелни рани врз телото на екс-шефот на военото разузнавање Горан Софески, дознаваме од полициски извори кои се дел од увидот на терен.
Според првичните и се уште неофицијални информации, Софески рано утрово бил пронајден мртов во атарот на кичевското село Раштани каде се упатил на лов. Телото го пронашле случајни минувачи. Местото се наоѓало на 5 километри од градот Кичево.
Полицијата официјално соопштува дека вчера лицето Г.С. (44) било пријавено како исчезнато во полициската станица во Кичево од негови роднини. Ја потврдуваат и инфромацијата дека едно лице е пронајдено мртво во атарот на селото Раштани но не се соопштува неговиот идентитет.
-Неофицијални информации велат дека Софески имал проблеми со срцето, па најверојатно смртта настапила поради проблеми со овој орган. Сепак овие информации немаат официјална потврда бидејќи на терен е јавен обвинител кој врши увид. По комплетирањето на увидот и официјално ќе биде познато што е причината за смртта на Софески.
Полициски извори велат дека е неточна информацијата која ја објавија медиумите под контрола на опозицијата дека на терен биле излезени специјалните полициски екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија
-
Најмалку 12 мртви во масакрот во Цетиње, сторителот се самоуби
-
Пронајдени над 13.000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица
-
Состојба на патиштата
-
Студено и магливо утро, преку ден сончево
-
Жител на кривопаланечко село пријавил физички напад од сопругата
-
Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топаанско поле
-
Отворен Ски центарот ,,Михајлово"