Десната опозиција победи на изборите за сенатори во Горниот дом на чешкиот Парламент
Десната опозиција победи на вториот круг од изборите за сенатори во Чешка, што опфаќа една третина од местата во Горниот дом на Парламентот.
Владејачките партии претрпеа пораз откако гласачите најголем број гласови дадоа на десничарските движења на опозицијата, „Градоначалници и независни“ (СТАН) и Граѓанско-демократската партија, формирана од поранешниот претседател Вацлав Клаус.
На изборите требаше да се утврди кој од 236-те кандидати ќе ги заземат 27-те (од 81) отворени места во чешкиот Сенат. Само двајца десничарски политичари беа избрани во првиот круг од изборите пред една недела, кои имаа над 50 отсто од гласовите.
Според податоците на Чешката служба за статистика, по пребројувањето на 99,91 отсто од гласовите на избирачите, Граѓанската демократска партија е апсолутен лидер. Десет нејзини претставници ќе влезат во Горниот дом на Парламентот, со што нивната парламентарна група ќе има 16 сенатори. Групата на партијата СТАН има пет нови членови. Со вкупно 17 сенатори, таа ќе биде најголема во Горниот дом и ќе може да назначи свој претставник за претседател на Сенатот.
Владејачките партии добија само по едно сенаторско место и ќе имаат 20 места во Сенатот. Комунистичката партија на Чешка и Моравија не доби ниту едно место и првпат од 1996 година нема да има свои претставници во Горниот дом на Парламентот на Чешка.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа