Дескоска: Реформите во образованието ќе ги продолжи новиот министер
Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме.
Ова денеска го изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање за нејзино евентуално преземање во Министерството за правда.
- Јас не се откажувам од реформите бидејќи тоа се реформи на Владата. Не се лично мои или на било кој поединец. Како Влада ќе стоиме сите заедно и ќе даваме поддршка на реформите во сите области, вклучувајќи го и образованието, рече Дескоска по промоцијата на Стратегијата за образование 2018-2025 во Гимназијата „Орце Николов“ во Скопје.
Прашана како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда, Дескоска рече „мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.
Ново на Сител
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?