Дескоска на средба со делегација од Венецијанската комисија: Не отстапуваме од независно судство
Реформските процеси што ги спроведува Министерството за правда за интеграција на Република Македонија во Европската Унија, беа тема на денешниот состанок на министерката за правда Рената Дескоска, со четиричлената Делегација на Венецијанската комисија, која е во дводневна работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството.
На средбата, на која министерката Дескоска беше придружувана од заменик-министерот Оливер Ристовски и претставници на Министерството за правда, се разговараше за Законот за судови и Законот за Судскиот совет на Република Македонија.
Министерката Дескоска на средбата потенцираше дека се потребни квалитетни, долгорочни законски решенија за воспоставување независен, кредибилен и професионален судски систем во Република Македонија. Tаа дополни дека е потребен консензус и поддршка од опозицијата во законодавниот дом за ваквите законски измени кои се носат со двотретинско мнозинство, но потенцираше дека нема да отстапи од првичната цел – независно судство.
Во текот на дводневната посета на Република Македонија, Делегацијата на Венецијанската комисија ќе оствари средби и со претставници на Уставниот Суд, Врховниот Суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот Совет, Јавното обвинителство, претставници на Собранието на Република Македонија, како и со граѓанските организации.
Членови на Делегацијата на Венецијанската комисија која е во посета на Република Македонија се Ричард Берет, кој доаѓа од Ирска, Цирил Рибичич, член од Словенија,Филип Димитров кој доаѓа како член на комисијата од Бугарија и од Франција Григори Диков, кој е правен експерт од Оддел за човекови права и владеење на правото - Совет на Европа.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите