-->
-->
Десетина повредени кога комби удри во група пешаци во Торонто
-->
Најмалку осум лица се повредени денеска, кога бело комби удри во група пешаци во Торонто, соопшти полицијата. Очевидци тврдат дека на улицата каде се случи инцидентот, една од најпрометните во Торонто, имало повеќе безживотни тела.
По настанот возачот побегнал, но подоцна полицијата го пронајде и го приведе. Засега не е познато дали станува збор за сообраќајна несреќа или планиран напад.
Инцидентот се случи во 13 часот по локално време, а полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област.
Канадскиот премиер џастин Трудо изјави дека тукушто дознал за инцидентот.
- Нашите мисли се со сите оние кои се засегнати. Очигледно ќе треба уште многу работи да дознаеме и многу работи да кажеме во часовите што следуваат, истакна Трудо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг