Десетина мејлови на Хилари Клинтон „строга тајна“
Администрацијата на претседателот Барак Обама првпат потврди дека домашниот сервер на Хилари Клинтон содржел повеќе десетина мејлови означени како „строга тајна“.
Американски претставници соопштија дека 22 такви мејла нема да бидат објавени.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби рече дека документите не биле така класифицирани во времето кога биле испратени, но сега е одлучено да спаѓаат во најстрого чувана тајна.
Приватните мејлови на Клинтон како државна секретарка станаа еден од проблемите на претседателската кампања во САД.
Според Би-Би-Си, ова е првпат нечиј мејл да добие какво било класификациско ниво.
- Пораките се означени ккако „строга тајна“, бидејќи би предизвикале голема штета по националната безбедност ако се отворат, соопшти Стејт департментот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори