Десетици убиени и ранети во воздушни напади во Северна Сирија
Десетици луѓе беа убиени и ранети денеска во воздушни напади на пазар за гориво во село во Северна Сирија, контролирано од бунтовници, соопштија опозициски активисти.
Комитетите за локална координација изјавија дека бомбардирањето во Маарет ал Наасан било извршено од руски воени авиони.
Рами Абдел Рахман, директорот Сирискиот центар за набљудување за човекови права, соопшти за најмалку 35 убиени и повредени. И според него, воздушните напади биле нанесени од руската авијација.
На пазарот што бил бомбардиран се продава претежно дизел гориво, донесено од реони под контрола на џихадистичката група „Исламска држава“.
Воздушните напади веројатно се впишуваат во кампањата против нафтениот сектор, кој е главен извор на приходи за терористичката организација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ