Десетици илјади Израелци на погребот на војникот чие тело беше држено во Газа 11 години

Десетици илјади луѓе денеска се собраа во Централен Израел за погребот на израелскиот војник, чие тело беше држено во Појасот Газа 11 години.
Присутните кои носеа израелски знамиња, не успеаја да се соберат во гробиштата, па толпата се прошири и по околните улици.
Со погребот на потполковник Хадар Голдин заврши еден тежок период за неговото семејство, кое водеше јавна кампања за враќање на неговото тело. „Хамас“ ги предаде останките на Голдин во неделата.
Во Газа се уште се телата на четворица заложници, киднапирани за време на терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Газа.
Голдин беше убиен два часа пред да стапи во сила примирјето кое стави крај на претходната војна меѓу Израел и „Хамас“ во 2014 година.
Во 9:05 часот наутро на 1 август 2014 година, нешто повеќе од еден час по почетокот на 72-часовниот хуманитарен прекин на огнот за време на војната во Газа во 2014 година, вооружени лица на Хамас излегле од тунел во југоисточниот дел на Рафа и нападнале војници од извидничката единица на Бригадата Гивати, убивајќи тројца војници, вклучувајќи го и Голдин, чие тело било одвлечено во тунелот од страна на терористичките оперативци.
Хамас го држеше неговото тело 4.118 дена.
Во текот на годините пред терористичкиот напад на 7 октомври 2023, постери со ликот на Голдин и на уште еден војник – Орон Шаул, чие тело исто така се наоѓаше во Газа по неговото убиство во 2014 година, беа поставувани на крстосници, додека семејствата водеа кампања за враќање на телата во Израел.
Телото на Орон Шаул беше вратено во Израел претходно оваа година.
Откако телото на Голдин беше идентификувано во неделата, неговите родители изјавија дека израелската армија, а не некој друг, го вратила телото на нивниот син дома. Ова беше сфатено како критика кон премиерот Бенјамин Нетанјаху.
На седницата на владата во неделата Нетанјаху изјави дека задржувањето на телото толку долго предизвикало „голема агонија за неговото семејство, кое сега ќе може да му обезбеди еврејски погреб“.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
