Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа

Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи.
Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи километарска колона во Стар Дојран.
- На граничниот премин „Богородица“ од вчера до денес на пладне влез во државата оствариле 5864 македонски државјани, а излез оствариле 5948. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 10249, а ја напуштиле нашата држава 11648 лица, информираа од МВР.
На граничниот премин „Дојран“, во истиот период, според податоците со кои располага МВР, влез во државата оствариле 399 македонски државјани, а излез оствариле 1104, додека бројот на странски државјани кои влегле во нашата држава изнесува 1295, а ја напуштиле нашата држава 1174 лица.
Од МВР соопштуваат дека ги преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
МИА
Ново на Сител
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
