Десетици евакуирани поради ерупција на вулкан на јапонскиот остров Кјушју
Ерупција на вулкан со исфрлени огромни количества чад, пепел и камења, принуди на евакуација десетици жители од два града на јужнот јапонски остров Кјушју.
Големи камења паѓале дури и на 2,5 километри оддалеченост од кратерот на вулканот Сакураџима во јужниот дел на префектурата Кагошима, околу илјада километри југозападно од Токио.
До утрово своите домови ги напуштиле 33 жители, барајќи засолниште во побезбедните делови на областа. Засега нема информации за штети или повредени.
Кратерот на вулканот од утрово не може да се види поради неповолните временски услови.
Снимките објавени од јапонскиот јавен радиодифузер „Ен-Ха-Ка” покажуваат портокалови пламени во близина на кратерот и темен чад со пепел што се извива високо над врвот на планината.
Јапонската метеоролошка агенција го подигна предупредувањето за ерупција на највисоко, петто ниво и препорача евакуација на 51 жител од загрозеното подрачје. Агенцијата предупреди дека лава, пепел и запален гас може да течат во радиус од два километри околу вулканот додека вулкански карпи може да паднат и до три километри оддалеченост од кратерот.
Ново на Сител
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош